Апасиев: Она што го очекуваме на овие избори е да не може да се формира влада без Левица

Од:

Она што го очекуваме на овие избори е да не може да се формира влада без Левица. Ова го истакна денеска Димитар Апасиев, претседателот на Левица и носител на кандидатската листа за пратеници од оваа партија во Првата изборна единица.

Во изјава за медиумите дадена пред почетокот на завршниот митинг во Скопје, Аапсиев ги повика граѓаните масовно да излезат на избори во среда.

– Ние ја понудивме нашата македонска платформа и очекуваме идниот мандатар на ниво на таа платформа, да почне преговори. Апелираме до гласачите масовно да излезат и да гласаат на овие двојни избори. Очекуваме солидна бројка, дуплирање на резултатот од претседателските избори и освојување на прва пратеничка група на Левица од осум до 12 мандати, зависно од излезноста. Очекуваме машки фајт и битка внатре во Собранието, за македонските национални интереси, подвлече Аапсиев, изразувајќи благодарност до сите активисти, волонтери, на сите кои дале придонес во изминатиот период.

Би можело да ве интересира

Левица: Изборниот систем сите нас нè краде, ние сме ускратени за најмалку два мандати

Апасиев: Некои битки мора да ги водиме повеќе од еднаш, за да можеме да победиме

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата

(ВИДЕО) Мециновиќ: Изборниот молк речиси да не важеше за никој освен за Левица

Горан Наумовски

Левица: Повик за масовна излезност за да ја довршиме пасокизацијата на СДС