Top Sport

Колапс на хрватската одбрана, Јапонија има водство!

Јапонската фудбалска репрезентација продолжи со своите фантастични и изненадувачки игри на Светското првенство, откако во финишот на првото полувреме, успеаја да стигнат до заслужено 1:0 водство против Хрватска во осминафиналето во Катар.

Во првите 45 минути, Јапонија беше поконкретна во нападот, и конечно во 44. минута од мечот по еден корнер, хрватската одбрана лошо реагираше и напаѓачот на Селтик Даизен Маеда го совлада Ливаковиќ.

Scroll to Top