10.8 C
Скопје
05:03 - 4 мај, 2024

Пријателката на Мелина го прозва Харис Џиновиќ: „Дај човече, откачи се“

По повеќе од две децении, Мелина Џиновиќ ја напушти вилата во Сењак, а потоа следуваше и официјалниот развод од Харис Џиновиќ. Пејачот останал со децата во вилата каде собрал бројни колеги и направил голема прослава, а Мелина се уште не се огласила за медиумите.

Во текот на изминатите недели Харис го откри „валканиот веш“ на својата поранешна сопруга, додека некои колеги жестоко зборуваа за Мелина.

Сега се огласи и инфлуенсерката од Босна и Херцеговина Хана Хаџиавдагиќ која е блиска пријателка на модната дизајнерка.

– Тајната на добар брак е да се омажиш без никакви интереси, за почеток. Секогаш велам, можев да изберам некој друг, избрав студент. Тарик во тој момент бил студент, возел стара ’опел астра’, имал приход од 300 евра од фирмата каде што денес е директор. Буквално едвај врзувавме крај со крај, спиевме во мал стан и навечер го гасевме шпоретот за да не се задушиме. Се зависи од тоа што ќе изберете во животот и зависи од тоа кои се вашите приоритети – истакна Хана.

Инфлуенсерката порача дека целосно ја разбира Мелина.

– Не мислам дека ако некој се ожени од каков било интерес, мора да издржи милион години со некој што апсолутно не сака да го издржи. Времето не може да се врати назад, токму тоа го кажав: Не сакам да губам, само потрошив 20 години, но не сакам да загубам уште 20 години…

На самиот крај таа истакнува дека „најмногу жали што се препукуваат заради децата“.

-Ги разбирам и него и неа. Тој е повреден човек, ми се случило во животот „врати ми ги работите, дури и полуискористените парфеми“. Имаш две страни, ја имаш жената која е заситена и не сака повеќе, и тој што е повреден човек. Од друга страна, многу добро знаела за кого се мажи, не се омажила за Тарик, се омажила за Харис Џиновиќ. Да бидеме реални, таа ми е другарка, но јас немам апсолутно… тоа е вистината. Жената сака да продолжи понатаму, дај оставете ја на мира, човече дај „откачи се“. На крајот на денот, сето тоа ми е грозно поради децата, дајте луѓе, соберете се, имате над 50 години – заклучи Хана.

Слични објави

„Фала Богу што сум жива“: Познатата фолкерка доживеа тешка сообраќајка, објавени сликите од автомобилот

Еспресо

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо
Се вчитува....