Aнадолу Ефес му даде доверба на Хрватот Мијатовиќ

Хрватскиот тренер Томислав Мијатовиќ доби двегодишен договор со Анадолу Ефес како главен тренер кој истекува летото 2026 година.

Мијатовиќ кој има 44 години е асистент во Ефес од 2010 година, а претходно беше асистент во Цибона и во хрватската репрезентација. По отказот на Ердем Чан во текот на оваа сезона тој доби можност да го води двократниот европски шампион.

Со Ефес и покрај незавидната ситуација успеа да се пласира во плеј-ин турнирот во Евролигата, но следеше пораз од Виртус. Во турскиот шампионат Ефес моментално е прв со скор 25-4.

Се вчитува...