Ги прошета сите партии, САД го стави на црна листа, сега сака да биде претседател- кој е Стевчо Јакимовски?!

Ги прошета сите партии, САД го стави на црна листа, сега сака да биде претседател- кој е Стевчо Јакимовски?!

-Не може нам нико ништа јачи смо од судбине, славеше Јакимовски кога победи во 2013-та.

-Америка си е Америка, ниe сме си ние, кажа Јакимовски откако беше ставен на црна листа.

Од човекот на кој никој не му можеше ништо, до црната листа на САД во друштво на Рамиз Мерко, каде завршуваат лица за кои Вашингтон има докази за сторен криминал. Тоа е кандидатот за претседател од ГРОМ, Стевчо Јакимовски. Откако Америка го стави на црната листа реши со навреди да удри по американскиот претседател.

-Моите синови не се криминалци, има криминалец името му е Хантер Бајден. И пошто господинот Бајден често заборава, сакам да го потсетам, кој е криминалецот и да си го бара таму. Потполно истите работи што му ги прават на Доналд Трамп, значи Доналд Трамп и 113 кривични пријави. Сценариото таму на длабоката држава е или да го оневозможи некоја од државите да учествува на претседателските избори, или да го стават во затвор или да го убијат, изјави Јакимовски откако беше ставен на црна листа.

А сомнежи дека Јакимовски сторил криминал од поодамна има и во Македонија, поради тоа полицијата неколку пати го проверувaше неговото работење во Општина Карпош. Тогаш реши ад навредува и обични полицајци бидејќи ја работат својата работа

-И ти и тоа и она како се вика министерчето од Куманово Оливер Спасовски, ќе ми плукнете под прозор сите заедно, значи ќе ми плукнете под прозор. Затоа се обидувате со полицајци да кружите околу општината, да најдете нешто, ама ќе најдете шипки варени, изјви Јакимовски.

А во неговиот дом влезе и финансиската полиција, тогаш Јакимовски доби и куќен притвор, иако се правдаше дека не сторил ништо.

-Ниту сме злоупотребиле службената функција, ниту имало организиран криминал, ниту некој нешто украл, ниту некој нешто дома однел, општинските бараки се таму, плоштадот е таму и навистина нема смисла што се малтретираат моите колеги за работа која нема врска со било каква корупција, а уште помалку организиран криминал, изјави Јакимовски.

Јакимовские е политичар на сите страни, преку ЛДП, во СДСМ, па преку ГРОМ во љубов со ВМРО-ДПМНЕ за на крајот да остане во друштво со Самка Ибраимовски од ПЦЕР и Љупчо Ристовски од Интегра.

Покрај на позицијата градоначалник на Карпош во четири мандати, Јакимовски во Владата на Бранко Црвенковски беше и министер за економија и труд и социјална политика.

Недоличен однос за било кој политичар, Стевчо Јакимовски има и кон медиумите. Во минатото на протест на СДСМ имаше физички инцидент со новинар. А реши да ја нападне и Алфа, затоа што снимала изјава на советник во Општина Карпош.

-Задолжително доаѓа ТВ Алфа, јас со жалење можам да констатирам и не ми е драго што Алфа се претвора во класична нивна не партиска телевизија, партиска камера се претвора, ова ни една друга телевизија не го пренесува. Они го зборуваат, ќе си ја кажат лагата на нивната телевизија, изјави Јакимовски.

Јакимовски сега бара поддршка да биде претседател на Македонија, со главно ветување дека немало да ја витка кичмата пред соседните држави, но и ќе се борел против партизацијата на институциите.

-Одговорно тврдам како претседател на Република Македонија, дека во безбедносните служби, поготово во Агенцијата за разузнавање нема шанса повеќе да влезе лице кое што има било каков контакт со било која политичка партија.

Меѓу граѓаните на Карпош Јакимовски ќе остане запаметен не само по маркиците за висококатници, туку и поради одбивањето да се постави голем јарбол со македонско знаме во Карпош 3, бидејќи не бил известен, против кое беа организирани дури и протести во 2010-та година.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста