Реал три недели без Белингем

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид денеска ја потврди повредата на Џуд Белингем.

Англичанецот го напушти теренот во победата над Џирона, откако постигна два гола, поради повредата на скочниот зглоб.

По денешните прегледи е утврдено дека поради повредата, Белингем ќе отсуствува две до три недели.

Тоа значи дека најдобриот стрелец на Реал ќе го пропушти гостувањето кај Лајпциг во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, како и првенствените натпревари против Рајо Ваљекано и Севилја.

Се очекува Белингем да биде подготвен за реваншот со Лајпциг, како и за гостувањето кај Валенсија на „Местаља“ на 2 март.

Покрај Белингем и Антонио Ридигер ќе го пропушти натпреварот со Лајпциг.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО