Press "Enter" to skip to content

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во посета на СВР Битола

Денеска дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев оствари работни средби со раководствата на СВР Битола во рамки на серијата посети што ги реализираме во сите сектори ширум земјава како би се запознале одблиску со постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и со евентуалните проблеми во рамки на работниот процес.

Од страна на раководството на СВР Битола Бојмацалиев беше брифиран за постигнатите резултати на оваа организациска единица, при што беше оцененат безбедносната состојба како поволна и без поголеми нарушувања на ЈРМ.-Изминативе шест години на подрачјето на СВР Битола реконструирани пет објекти и тоа: СВР Битола, ОВР Прилеп, ОВР Ресен, ОВР Крушево и Полициско одделение Кривогаштани кои беа со децении запоставени. За сите посочени пет објекти издвоивме средства од Буџетот на МВР во износ од 45 милиони денари кои според сегашниот квалитативно видоизменет градежно-инфраструктурен облик целосно ги задоволуваат бараните критериуми за непречено функционирање на полициските служби во интерес на подобрување на услугите на граѓаните од овој регион, рече Бојмацалиев, со уверување дека вработените од СВР Битола ќе продолжат со несмален интензитет во полициското работење, а со цел одржување на поволна безбедносна состојба и гарантирање на фер и демократски Изборен процес што ни претстои наредниов период.

На прес конференција во СВР Битола беше соопштено дека во Битола бројот на изменети лични карти и пасоши е идентична и се одвива без гужви.

More from ВестиMore posts in Вести »