Хрватите не знаат што ги снајде: Канада води по нецели две минути игра (видео)

Хрватска по нешто повеќе од една минута игра се најде во негатива на денешниот меч со Канада, на кој „коцкестите“ мора да одат на победа доколку сакаат да се пласираат во мундијалското осминафинале.

Актуелните светски вицешампиони претрпеа ладен туш откако Канада поведе по првата акција, топката беше нафрлена од десната страна, а од позадина натрча Дејвис, кој со прецизен удар со глава го совлада Ливаковиќ, за прв мундијалски погодок на Канада во историјата на светските шампионати.

Дефинитивно, најава за суперинтересен натпревар во Доха.

Се вчитува...