[Видео] Ученици од „Никола Карев“ сами ги смислуваат и изработуваат маските за Струмичкиот карневал

Средното училиште „Никола Карев“ од Струмица повеќе од 20 години учествува на Струмичкиот карневал. Маските кои ги смислуваат учениците со помош од наставниците се подготвуваат од почетокот на второто полугодие.

Оваа година, 80 средношколци од ова училиште беа дел од групната маска „Аладин во ѕвездениот град“. Темата се инспирирана од филмот „Аладин“. Во карневалската група, откриваат учениците од „Никола Карев“, може да се приклучат сите ученици од прва до четврта година, додека за изработка на маските се задолжени ученците од текстилните струки.

Покрај костимите, главна улога има и кореографијата со која ќе продефилира групата како и музичката нумера на која ќе се изведе настапот.

Погледнете повеќе околу процесот на подготовки за карневалот во видеото.

Автор: Ивана Трајкова

Видео и Монтажа: Филип Костовски 

*Оваа објава е дел од #МладинскиГлас – мини рубрика на Радио МОФ каде се објавуваат содржини од членовите на младинските новинарски клубови на Радио МОФ. Видеото е изработено од клубот во Струмица под менторство на новинарот Ристо Тасев.