На „Камп Ноу“ вечерва се случи нешто незамисливо, над 90.000 Каталонци го извикаа роналдовото „сиуууу“ (Видео)

Завршницата на „Лигата на кралевите“ во мал фудбал која е во организација на Жерард Пике, се одржува на најголемиот стадион во Европа, „Камп ноу“, а вечерва на трибините има 92.522 луѓе кои се забавуваат и го следат спектаклот, прославувајќи  ги сите голови кои се постигнуваат.

Во улога на играчи се популарни лица, а диџејот Мариио, откако даде гол од пенал во забавниот дел од програмата, прослави во стилот на Кристијано Роналдо.

Каталонската публика не го сфати тоа како провокација, напротив, сите на трибините згрмеа „сиууу“, нешто што беше незамисливо до пред неколку часа, со оглед на тоа дека првиот стрелец во историјата на Реал Мадрид е омразен лик во Барселона.

- Оглас -

Најнови вести