Забава
(Видео) Илон Маск си играше со приборот за јадење на вечера во Белата куќа, снимките станаа вирални

Како што сопственикот на „Икс“, Илон Маск, станува поблизок со американскиот претседател Доналд Трамп и неговата втора администрација, серија од неговите видеа станаа вирални на социјалните мрежи.
BREAKING:
Elon Musk built a fork starship at a dinner with Trump.
Then he launched himself into space.
Secret Service didn’t even flinch.
Just another Tuesday. pic.twitter.com/844AZYpNPL— NEXTA (@nexta_tv) March 22, 2025
Последната го прикажува Маск со виљушка и две лажици.
Rizzius Maximus > Kekius Maximus
pic.twitter.com/8cq9iP4ftR
— Books (@DaoKwonDo) March 22, 2025
Маск беше снимен како балансира конструкција составена од виљушка и две лажици на прстот за време на вечерата во Белата куќа. На видеото се гледа и Трамп, кој во тој момент разговара со друг гостин. Во друго видео, портпаролката на Белата куќа, Каролина Левит, се чини дека прилично се забавува од неговата вештина.
Elon Musk at Mar-a-Lago, sitting next to Trump, balancing forks and knives into some kind of skeletal sculpture. It might look odd to most, but as someone neurodivergent myself, I get it. This is normal behavior for many of us. You don’t have to be high or drunk—just wired… pic.twitter.com/i9wOP9Vmj3
— Mario
(@PawlowskiMario) March 22, 2025
Сепак, многу корисници на социјалните мрежи не беа воодушевени од оваа забава. Еден го нарече „циркус“. Други го опишаа како „неверојатно срамно“.
Rizzius Maximus > Kekius Maximus
pic.twitter.com/8cq9iP4ftR
— Books (@DaoKwonDo) March 22, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Генерацијата „З“ откри трикови како секогаш да изгледате зафатено во канцеларија

Додека работодавачите сè повеќе ги спроведуваат правилата за хибридна работа, барајќи од вработените да се вратат во канцеларијата, генерацијата „З“ (родена помеѓу 1997 и 2012 година) се соочува со дилема: како да изгледа доволно зафатено за да го смири секогаш присутниот шеф.
Пред околу триесет години, Џорџ Костанца од Сајнфелд имаше теорија: „Секогаш изгледај нервозно“. На тој начин, како што рече, „сите ќе мислат дека сте премногу зафатени“. Денес, оваа изведба на привидна продуктивност се нарекува нешто друго. Генерацијата „З“ денес тоа го нарекува “taskmasking” или во буквален превод „маскирање на задачи“, пренесува „Гардијан“.
Таканареченото “taskmasking” се однесува на личност која се труди да изгледа дека работи напорно, иако не е така. Еден пример за тоа е брзо одење низ канцеларијата со лаптоп во рака. Друг пример е гласно типкање, како вработен во шалтер кој има лош ден, иако тоа што го пишувате нема никаква врска со работата.
Овој тренд, популаризиран на „Тик-ток“, но сè позабележителен меѓу менаџерите и професионалците за човечки ресурси, се појави паралелно со новите правила за задолжително враќање во канцелариите. Многу млади канцелариски работници пораснаа за време на пандемијата, кога работата од дома беше неопходност. За многумина од нив ова е првпат да патуваат на работа секој ден и да работат по однапред определен распоред, наместо да ги извршуваат задачите самостојно, во приватноста на својот дом. Сега, опкружени со колеги и претпоставени, тие мора да научат визуелно да ја соопштуваат својата „зафатеност“.
Во 2019 година, новинаркатз Ен Хелен Петерсен опиша сличен феномен, нарекувајќи го „LARPing your own job“, што би значело на некој начин играње на улоги во живо.
„Можете да ја ‘ларпирате’ вашата работа лично (со одржување бескрајни состаноци, пристигнување рано и останување подолго за да оставите впечаток на „присуство“) или дигитално (со испраќање куп мејлови, постојано разговарање на Слек или слични платформи)“, напиша Петерсен.
Габриел Џаџ, 28-годишна авторка и инфлуенсерка, која претходно работела во ИТ секторот, се присети како таа и нејзините колеги глумеле зафатени во канцеларијата.
„Луѓето изгледаа преморени кога всушност само одеа на ручек или носеа „ЕрПодс“ цел ден за да изгледаат како да се на состаноци цело време“, вели Џаџ. „Многумина само зјапаа во екранот со многу сериозни изрази на нивните лица“, додаде таа.
Дури и паузите за кафе или разговорот на дозерот за вода може да се сметаат за маскирање на задачи ако се разговара за работата.
„Самото започнување разговор со некого прави да изгледате зафатено“, додава Џаџ.
Маскирањето задачи се чини дека постои извесно време, особено затоа што повеќе работници ги препуштаат рутинските задачи на вештачката интелигенција, оставајќи си време за гласни разговори кај дозерот за вода и лажно пишување. Сепак, шефовите можеби имаат претчувство за тоа што се случува: истражувањето од 2021 година покажа дека 80 проценти од компаниите ги следат своите вработени од далечина или во хибриден модел, користејќи софтвер за следење на активностите, локацијата и пишувањето.
Засега, маскирањето задачи останува начин вработените да се обидат да задржат барем одредена контрола.
„Генерацијата З заврши средно училиште и факултет од далечина, доживеа многу важни моменти дома, па идејата дека може да се работи само во канцеларија е сосема туѓа за нив“, вели Џаџ.
„Маскирањето задачи е резултат на горчина и фрустрација поради сето ова. Мислам дека испраќа порака до работодавците: колку ви е важно што сме сите заедно?“, заклучи таа.
Забава
Работи што не треба да ги перете заедно во машина за перење, ќе ги уништите

Веќе знаеме некои основни правила за перење алишта – на пример, перење на бели одделно од обоени парчиња. Никој не сака белите гаќи да му станат розови поради црвената маица.
Но, поделбата по боја не е единственото нешто до кое треба да се придржуваме. Одредени ткаенини и облеки едноставно не се компатибилни – не поради бојата, туку поради ризикот од истегнување, па дури и кинење.
Десет комбинации кои никогаш не треба да се перат заедно во машина:
Крпи и нежни ткаенини
Како што објаснува Алиша Соколовски, директорка на „Аспен клин“, крпите и нежните ткаенини како градници и џемпери едноставно не одат заедно.
Крпите се тешки и груби и можат да ги истегнат или оштетат деликатните материјали“, вели таа.
Исто така, куките за градник лесно можат да се закачат на петелките за пешкири – со што се уништуваат и двете. Доколку треба да ги перете заедно, градникот ставете го во мрежеста кеса наменета за перење долна облека.
Крпи и спортска облека
Можеби изгледа логично да ја фрлите целата торба за вежбање во машината одеднаш, но тоа не е добра идеја.
„Крпите ја апсорбираат влагата од спортската облека, што може да ги оштети ткаенините што се дизајнирани да ја исфрлаат потта и брзо да се сушат“, вели Соколовски.
Идеално е да се мие спортската опрема во ладна вода, на деликатен циклус и да се суши природно. Ако апсолутно мора да ја користите машината за сушење – изберете ниска температура.
Фармерки и лесни ткаенини
Фармерките и нежната облека не одат заедно.
„Фармерките се тешки и груби, па триењето може да ги оштети полесните материјали“, предупредува Соколовски. Најдобро е да ги перете со облека со слична тежина. И не треба премногу често да ги миете – ќе траат подолго.
Постелнина и облека
Една навлака за перница со гардероба – во ред. Но, цел комплет постелнина, особено чаршафи, може да создаде хаос.
„Големи површини на постелнина може да се заплеткаат со облеката, што го отежнува рамномерното миење и сушење“, вели Соколовски.
Постелнина и чорапи
Звучи чудно, но ако некогаш сте се запрашале каде исчезнува другиот чорап – веројатно е заглавен некаде во чаршафот.
Тејлор Сатерленд вели дека ова е најчеста причина поради која чорапите „исчезнуваат“ во машината за перење.
Јоргани и облека
Тешките јоргани не треба да се мешаат со облеката.
„Тие ја преоптоваруваат машината и спречуваат правилно перење и сушење“, вели Соколовски. Измијте ги посебно, на програма за големи и тешки предмети.
Гардероба со патенти и нежни ткаенини
Патентите се чест виновник за оштетување на нежните ткаенини.
Решение?
„Затворете ги сите патенти и ставете деликатни предмети во мрежеста кеса“, советува Соколовски.
Забава
Меган Маркл продолжува да ја гради својата деловна империја: Нејзината цел е да стане милијардерка

Меган Маркл, поранешна членка на британското кралско семејство, забрзано ја гради својата деловна империја со цел да стане милијардерка.
Според извори блиски до кралските кругови, Меган го напуштила кралскиот живот откако сфатила дека нејзините финансиски амбиции ќе бидат ограничени со протокол и хиерархија во монархијата.
„Таа сака да биде милијардерка, сака приватен авион, сака да живее одреден живот. Претпоставката е дека ако се омажиш за англиски принц, ќе имаш приватен авион и начинот на живот што го посакуваш, но кога сфатила дека Вилијам и Кејт на крајот ќе бидат одговорни за тоа колку ќе добијат во однос на џепарлакот, таа станала свесна дека мора да излезат од тоа“.
Меган и Хари ги напуштија своите кралски должности во 2020 година и се преселија во САД, започнувајќи серија деловни проекти. Меѓу најзабележителните е договорот со Нетфликс, кој беше потпишан во 2021 година, а откако нивниот договор со „Спотифај“ беше раскинат во 2023 година, Меган неодамна објави нов подкаст на платформата „Лемонада медиа“.
Нејзината нова емисија почнува да се емитува на 8 април, а таа ќе разговара со успешни жени претприемачи за претворање на „малите идеи во бизниси од милијарди долари“, тема што ги одразува нејзините амбиции.
Кога се омажила за принцот Хари, нивните финансии биле под контрола на тогашниот принц Чарлс преку Војводството Корнвол, кој обезбедувал околу пет милиони фунти годишно за неговите синови. Меѓутоа, кога Чарлс стана крал во 2022 година, контролата на овие средства премина на принцот Вилијам, дополнително мотивирајќи ги Меган и Хари да бараат финансиска независност.
Една од клучните причини за нивното заминување од кралското семејство беше одбивањето на монархијата да прифати комерцијални спонзорства што парот можеше да ги постигне благодарение на нивниот статус. Меган неодамна ги прошири своите деловни активности со лансирање на продавница која продава облека и додатоци на Инстаграм, кои таа лично ги избра. На оваа платформа позната како „ShopMy“, Меган заработува провизија за секоја продадена ставка.
Според условите на нејзиниот договор со Бакингемската палата, Меган може да продава производи се додека не ги искористува своите кралски врски. Сепак, многумина забележаа дека новата продавница е лансирана користејќи го името – Меган, војвотката од Сасекс.
Дополнителна загриженост во кралските кругови предизвика нејзината сè поголема употреба на фотографии од нивните деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет, за промовирање деловни активности. Меган продолжува да ја гради својата деловна империја, а експертите предвидуваат дека би можела да постигне значителен финансиски успех.