Ерменија се согласи да му врати на Азербејџан четири села во пограничната област

од Симе Стоиков

Портпаролот на азербејџанското Министерство за надворешни работи Ајкан Хаџизада денеска соопшти дека Ерменија се согласила да врати четири села кои се наоѓаат на нивната заедничка граница со Азербејџан.

„Како резултат на осмиот состанок на државните комисии за демаркација на државната граница меѓу Азербејџан и Ерменија, Ерменија се согласи да врати четири села во Азербејџан кои беа под окупација од почетокот на 1990-тите“, рече Хаџизада на X.

Азербејџанските власти претходно изјавија дека враќањaта на селата се неопходен услов за мировен договор што ќе стави крај на тридеценискиот конфликт меѓу двете земји, кои беа дел од Советскиот Сојуз.

Слични содржини