Книги: „Ѕидарите“ – за мистицизмот на масонството

43

„Ѕидарите“ на Џозеф Форт Њутон се смета за една од најдобрите книги на оваа тема. Њутон овде ги поставува темелите на масонството во своите дела за историјата, значењето и филозофијата на занаетот.

За разлика од другите дела од ваков тип, овде нема набројување факти и датуми, туку оваа книга се базира на наративот за да се даде длабок увид во основата на занаетот. Ќе прочитате сѐ за навестувањата и предвидувањата на масонството, за Редот на градителите, за карактерот, верата и филозофијата на масонството и за неговото влијание на општеството и на државата. Откријте ги мистицизмот на масонството и неговото влијание врз случувањата денес.