Белгиските и чешки разузнавачи открија мрежа на руската пропаганда во Европскиот парламент

Пратеници во Европскиот парлемент се платени да шират руска пропаганда, изјави белгискиот премиер Александар Де Кро во белгискиот парлемeнт без да соопшти имиња на осомничените.

Де Кро рече дека операцијата за пресретнување на руските обиди за создавање “гнезда” на руската пропаганда се водела во тесна соработка меѓу белгиските и чешките разузнавачки служби за разбивање на руска пропагандна мрежа.

„На пример, излезе на виделина дека Русија им пријде на европратениците, но исто така им плати за да ја промовира руската пропаганда овде“, рече Де Кро за време на дебатата во белгискиот национален парламент за надворешните влијанија врз европскиот изборен процес.

Чешкото министерство за надворешни работи во средата објави дека го санкционирало украинскиот олигарх Виктор Медведчук, сојузник на рускиот претседател Владимир Путин. Во соопштението за печатот се вели дека Медведчук водел „операција за руско влијание“ од Русија на територијата на Чешка користејќи го медиумот “Гласот на Европа”.

Чешкиот премиер Петр Фиала во средата изјави дека властите „погодиле проруска мрежа“ која се обидела да воспостави операција за влијание со безбедносни последици за Чешката Република и ЕУ.

„Оваа одлука е во безбедносен интерес на Чешката Република, и придонесува за заштита на демократската природа на претстојните избори за Европскиот парламент“, додаде чешкото Министерство за надворешни работи.

Сајтот на Гласот на Европа во моментов е недостапен и неговата сметка на X (поранешен Твитер) не е објавена содржина од средата.

Борјан Јовановски

 

 

Back to top button
Close