AI вести: Анимирани цртежи со помош на вештачка интелигенција

Со апликацијата FAIR Animated Drawings на Meta, можете да ги анимирате вашите цртежи со само неколку кликови.

Се работи за имплементација на алгоритамот опишан во трудот „Метод за автоматско анимирање на детски цртежи на човечка фигура“.

FAIR Animated Drawings е корисна креативна алатка која ви овозможува за неколку минути да креирате анимации во кои главни актери се вашите нацртани ликови.

Ние ја испробавме со цртеж (згодно наречен „робот во џемпер“) од книгата на Нина Прља „Обоени приказни“ (во издание на Готен од 2013 година) и ова се резултатите:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *