Поврзете се со нас

НБА

Распад на НБА шампионот: Мелоун беснееше, Мареј фрлаше термофор на теренот (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/nuggets

Денвер го лесно го надигра Лос Анџелес Лејкерс и со само еден пораз се пласираше во плејоф полуфиналето на Западот, каде влезе како голем фаворит и во пресметките со Минесота.

Актуелниот шампион ја почна серијата со предност од домашен терен и во прилично добро расположение, но по два одиграни меча, избраниците на Мајк Мелоун изгледаат доста лошо.

Нагетси не успеаја да пронајдат решение за цврстата одбрана на Минесота и така „волците“ со два брејка се враќаат на домашен терен, а сето тоа предизвика и голем бес кај членовите на актуелниот првак.

Мајк Мелоун беснееше уште во првата четвртина и сакаше да се пресметка со еден од судиите, а интересно повторените снимки покажаа дека и Џамал Мареј бил незадоволен од еден арбитар.

Всушност, ѕвездата на Денвер гаѓал еден од судиите со термофор, а НБА во обрзложението објасни дека Џамал не добил исклучување само поради тоа што во прв момент се мислело дека предметот доаѓа од трибините.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни