Експерт од Струмица погоди два точни резултати во ЛШ, а во Пробиштип има мајстор за полувреме-крај

Три мајсторски одиграни добитни тикети ги одбележаа изминативе два дена во Sport Life. Во фокусот беа мечевите од Лигата на шампионите, а најголемиот експерт е од Струмица.

Обложувач успеа да ги погоди точните резултати на двата вчерашни меча во Лигата на шампионите. Огромен коефициент од 29,5 беше за победа на Барселона во Париз против ПСЖ со 3:2.

Погоден е и точниот резултат од средбата во Мадрид, каде што Атлетико со 2:1 ја победи Борусија Дортмунд. На крајот тикетот кој е уплатен со 400 денари, донесе добивка од 90.330 денари.

Од мечевите во ЛШ што се играа во вторникот, обложувач од Пробиштип погоди полувреме-крај на дуелите Арсенал – Баерн Минхен и Реал Мадрид – Манчестер сити. Баерн Минхен водеше со 2:1 во Лондон, а на крајот заврши 2:2.

„Фешта“ беше на „Сантијаго Бернабеу“, каде што Реал водеше со 2:1 на полувреме, а на крајот заврши 3:3, па само со 100 вложени денари, добивката е над 20.000 денари.

Тикет во Гевгелија уплатен уште на 19 март синоќа донесе голема радост и добивка од 145.091 денари со влог само од 70 денари.

- Оглас -

Најнови вести