Поврзете се со нас

Англија

Клоп за најавениот наследник во Ливерпул: Се што слушам за него…

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Јирген Клоп пред неколку месеци објави дека ова ќе биде последна негова сезона на кормилото на премиерлигашот Ливерпул кој по оваа одлука на стратегот се впушти во акција за ангажман на наследник, тренер кој едноставно ќе може да се вклопи во филозофијата и целата приказна на „Енфилд Роуд“.

Се споменуваа неколку имиња или поточно беа во игра, некои од нив на крајот одлучија да останат во сегашните средини како што е Чаби Алонсо, па конечниот избор падна врз Арне Слот.

Холанѓанецот обелодени дека сака да ја добие работата и дека се надева на позитивен исход на разговорите меѓу Феенорд и Ливерпул.

Се очекува ова да биде решено, а во меѓувреме токму Клоп доби можност да проговори за предводникот на составот од Ротердам.

-Не знам ништо за тоа. Јас не сум вклучен во процесот. Она што ми се допаѓа е што, ако е тој, ја сака работата. Тој е возбуден. Ми се допаѓа начинот на кој неговиот тим игра фудбал. Сè што слушам за него е дека тој е добар човек. Се радувам на клубот ако тој е решението. Сето тоа звучи навистина добро. -вели Клоп кој смета дека тоа што Ливерпул нема идеална сезона може да биде добро за новиот тренер.

-Ова е најдобрата работа на светот. Ќе помогне ако не завршиме на високо ниво, така што има простор за подобрување, заклучи Германецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни