• среда, 15 мај 2024

Бенфика одлучи да го откупи Алваро Фернандез од Манчестер Јунајтед

Бенфика одлучи да го откупи Алваро Фернандез од Манчестер Јунајтед

Лисабон, 30 април 2024 (МИА) - Раководството на Бенфика размислува да ја активира откупната клаузула на дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Алваро Фернандез, информира весникот „АС“.

Левиот бек пристигна кај „орлите“ во јануарскиот преоден рок, откако првата полусезона ја мина на позајмица во Гранада.

За португалскиот гигант досега забележа осум настапи и постигна еден гол, но шефовите се задоволни и би сакале да го задржат.

Медиумите тврдат дека откупната клаузула е вредна шест милиони евра. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан