Скопје

(Видео) Тешка несреќа во Чаир: три возила меѓу кои и полициско се судрија, има повредени

Три возила, меѓу кои е и полициско возило се судрија на раскрсницата меѓу улиците „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“. Според првичните информации, има повредени лица, а карактерот на повредите дополнително ќе се утврдува.

На сите возила, поради силината на ударот, се активирани и воздушните перничиња за заштита.

Има голема материјална штета и делови од возилата се распрскани на улицата.

На почеток