Реакцијата следува откако Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) поднесе пријава до Основното јавно обвинителство Скопје во врска со заканата упатена кон новинарот и уредник во телевизија Канал 5, Александар Видиновски, по емисијата „Само вистина“ емитувана на 19 март. Дополнително, ЗНМ вчера реагираше и го осуди говорот на омраза и повиците на насилство на социјалните мрежи упатени кон телевизија Алфа
Министерството за дигитална трансформација апелира на одговорност, професионалност и заштита на медиумските работници. Недопустливи, велат од Министерството, се заканите упатени кон новинари, уредници и медиуми кои имаат за цел да спречат непристрасно, отворено и квалитетно медиумско известување.

„Споредено со многу поразвиени општества, македонските медиуми и медиумски работници покажуваат исклучителна професионалност во работата и известувањето во овие траорни моменти на колективна тага и гнев“,
наведуваат од Министерството за дигитална трансформација.
Реакцијата следува откако Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) поднесе пријава до Основното јавно обвинителство Скопје во врска со заканата упатена кон новинарот и уредник во Канал 5 телевизија, Александар Видиновски, по емисијата „Само вистина“ емитувана на 19 март. Дополнително, ЗНМ вчера реагираше и го осуди говорот на омраза и повиците на насилство на социјалните мрежи упатени кон телевизија Алфа.
„Апелираме до надлежните институции за итна и ефикасна реакција, со цел да се утврди одговорноста на секој оној кој се заканува и го попречува работењето на медиумите за да се обезбеди заштита на новинарите од вакви притисоци. Овие тешки моменти се тест за целата држава. Ќе ги следиме и во иднина сите слични случаи, затоа што безбедноста на новинарите е од најголема важност за функционирање на демократијата“,
додаваат од Министерството.