Поврзете се со нас

Евролига

Макаби направи брејк во Атина, Реал не дозволи грешка во шпанското дерби

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/RMBaloncesto

Кошаркарите на Макаби Тел Авив остварија голема победа на гостувањето кај Панатинаикос (87:91) и на тој начин поведоа во серијата од плејофот на Евролигата.

Израелскиот тим имаше минус осум на полувреме, но не само што не се откажа од позитивен резултат, туку издоминира во последниот период и ги шокираше фановите на ПАО во Атина.

Колсон со 18 поени беше најефикасен во победничкиот тим, додека Лесор со 22 ги предводел реализаторите кај Панатинаикос.

Реал Мадрид ја победи Басконија со 90:74 и ја оправда фаворитската улога во шпанската пресметка, со што стигна и до почетна предност во плејоф серијата.

Домашниот тим го контролираше резултатот во текот на целиот натпревар и заслужено ја совлада Басконија, додека најефикасен кај Реал беше Муса со 16 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни