Регион

НУЦК „Антон Панов“ го објави конкурсот за 25-от Меѓународен Фестивал на карикатура и афоризам „Струмица 2024″

Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица објави конкурс за 25-тиот Меѓународен Фестивал на карикатура и афоризам „Струмица 2024“, што се одржува како дел од Интернационалниот Струмички карневал. Темата на конкурсот е „Карневал-еротика“.

Според правилата на конкурсот за карикатура, секој учесник може да пријави најмногу три карикатури, изработени во техника по избор на авторот, со димензии A4. На задната страна на секоја карикатура треба да бидат наведени податоци за авторот.

Во категоријата за афоризми, учесниците можат да пријават до 10 афоризми, отпечатени во три примероци со шифра и податоци за авторот во затворен плик. Секој учесник може да учествува со повеќе трудови, но не повеќе од десет афоризми со шифра за секој труд.

Рокот за праќање на делата е до 1 март 2024 година, а жирито ќе ги награди најдобрите со златни, сребрени и бронзени плакети, со можност за дополнителни награди.

Доделувањето на наградите ќе се изврши на Чист понеделник (18 март 2024 година), кога ќе се одржи изложба и презентација на победничките дела во рамките на „Струмичкиот карневал“, кој се одржува од 13 до 20 март.

Адресата за испраќање на делата е:

НУ Центар за култура „Антон Панов“

Плоштад „Гоце Делчев“ бб. 2400 Струмица

Со назнака: За конкурсот – афоризам и карикатура

Контакт: +389 70 291 544

e-mail: anton.panov.sr@gmail.com

Препорачуваме:

Струмица уште еднаш ќе биде домаќин на меѓународен спортски настан

Ѓ. K.

Градоначалникот Костадинов верен на традицијата, закројуваше лозје на лозовите насади на АД „Грозд“

Ѓ. K.

Бирото за регионален развој утре ќе соопшти кои општински проекти од Југоистокот ќе бидат финансирани

Ване Трајков