Најавени тимови: Клучен играч се враќа за ПСЖ за реваншот во Барселона

ПСЖ ќе брка негатива од еден гол на денешното гостување во Барселона, а добра вест за Луис Енрике е враќањето на Ашраф Хакими, офанзивниот десен бек кој поради суспензија не настапи на првиот дуел на „Паркот на принцовите“ што каталонците го загубија со 2-3.

Мбапе повторно е планиран како централен напаѓач иако Французинот јасно стави до знаење дека повеќе сака кога напаѓа од левата страна. Сепак, планот на Енрике е тој да биде лидер на нападот, помогнат од Дембеле од десната и од младиот Баркола од левата страна.

Барса ќе ги нема Роберто и Кристенсен поради суспензии, но одлична вест е што Педри е стопроцентно подготвен за да биде стартер на овој важен натпревар.

Борусија Дортмунд се надева дека на домашен терен ќе ја надмине негативата од 1-2 од првиот меч со Атлетико Мадрид. Терзиќ најавува офанзивна формација со Филкруг како предводник на нападот, помогнат од Санчо, Адејеми и Брант, додека Мален ќе чека шанса во второто полувреме.

БАРСЕЛОНА – ПСЖ

БАРСЕЛОНА: Тер Штеген, Араухо, Кубарси, Кансело, Де Јонг, Гундоган, Педри, Јамал, Рафиња, Левандовски.

Отсутни: Балде, Гави, Роберто, Кристенсен.

ПСЖ: Донарума, Хакими, Мендеш, Маркињос, Хернандез, Витиња, Руиз, Заире – Емери, Дембеле, Баркола,Мбапе.

Отсутни: Кимпбембе.

БОРУСИЈА Д. – АТЛЕТИКО М.

БОРУСИЈА: Кобел, Рајерсон, Матсен, Хумелс, Шлотербек, Џан, Сабицер, Брант, Санчо, Адејеми, Филкруг.

Отсутни: Халер, Бенсебаини.

АТЛЕТИКО: Облак, Молина, Витсел, Хименез, Хермосо, Азпиликуета, Коке, Де Пол, Љоренте, Гризман, Мората.

Отсутни: Депај, Лино. Неизвесен: Саул Нигез.

Се вчитува...