Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола за иднината на Кансело: За тоа ќе разговараме…

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona_cat

Жоао Кансело ја играа оваа сезона во Барселона како позајмен играч од Манчестер Сити, односно тоа значи дека се уште е под договорот со премиерлигашот.

Португалецот имаше добри и лоши моменти во дресот на каталонците и останува неизвесно дали Барса ќе се обиде да го задржи, односно во таква операција ќе бидат од клучно значање условите на „граѓаните“.

Дефанзивецот пред некое време имаше интервју во кое ги нападна Сити и менаџерот Пеп Гвардиола и прашање е колку е реално тој да се врати на „Итихад“ иако шпанскиот стратег ги остава отворени сите опции.

-Се уште не сме разговарале за иднината на Кансело во нашиот клуб. Ќе разговараме на крајот на сезоната, -истакна Гвардиола.

Кансело е „врзан“ за англискиот тим до 2027 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни