ФИФА: Нема никакво воведување „син картон“

Веста за воведувањето син картон во фудбалот е „неточна и прерана“, се вели во соопштението на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).

Вчера британскиот весник „Телеграф“ објави дека Бордот на Меѓународната фудбалска асоцијација (ИФАБ) ќе објави почеток на тестирањето на синиот картон. Картонот ќе им биде покажуван на фудбалерите кои влегуваат во прекумерни расправии со судиите и поради тактички прекршоци.

Ако играчот добие син картон, ќе надвор од игра 10 минути.

-ФИФА сака да појасни дека вестите за употребата на таканаречениот син картон на елитно ниво на фудбалот се лажни и предвремени. Секој таков експеримент, доколку се спроведе, треба да биде ограничен на тестирање на пониски нивоа, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО