Вести Македонија Најважни

Крвав пир во Сиднеј во трговски центар, маж избоде до смрт шест луѓе

Маж со нож убил шест, а ранил уште осум лица, меѓу кои и деветмесечно бебе, во трговски центар во Сиднеј, пред полицијата да го застрела и да го спречи во неговиот крвав поход.

Меѓу избодените има и деветмесечно бебе, чија мајка исто така била прободена од напаѓачот по што таа во болница им подлегнала на повредите. Напаѓот бил убиен од полицајка која сама пристигнала на местото на настанот и го лоцирала напаѓачот.

Полицијата потврди дека напаѓот убил четири жени во шопинг центарот и еден маж, додека една жена починал од здобиените повреди во болница.

Меѓу осумте повредени кои се пренесени во болниците во Сиднеј, е и деветмесечното бебе врз кое бил направен оперативен зафат во обид да му се спаси животот.

Очевидците на настанот сведочат за ужасот кој се случува во шопинг молот, но и за моментот кога полицијата успеала да го запре напаѓаќот да продолжи со масакрот.

Се враќав дома од робота и само што свртев на аголот и видов човек во жолто-зелена маичка како оди во истиот правец. Но наеднаш тој тргна во друг праве и слушнав луѓе како викаат, врескаат и трчаат. Си реков, во ред, тој мора да има нешто што се случува. Тогаш ја видов полицајката и си реков ќе ја следам. Ја следев цело време и само што свртевме зад аголот, бидејќи ги видов како доаѓаат од таму, тој беше таму. И тргна кон нас. И се сшто случнав беше „спушти го“ и тогаш го застрела. Да не го застелаше тој ќе продолжеше да оди. Тој беше во поход. Тој беше во крвав поход. Таа тогаш му пријде и се обиде да го оживее. Тој имаше голем нож со себе. Таа го оттурна ножот понастрана, изјави очевидец на настанот.

Тие сведочат и за хорор кој се случувал во шопинг молот.

Изгледаше како тој да е во убиствена треска, бидејќи кога се симнавме долу по скалите имаше две други тела во близина на продавница за свадби, изгледаа како, мора да беа прободени. Едното изгледаше дека е жена, а второто маж. Други имаше во продавницата, рече друг.

Осомничениот нападот го извршил во „Вестфилд шопинг центарот“ во источното предградие на Сиднеј, Бонди Џанкшн и според помошник полицискиот комесар на Ноџ Јужен Велс, Ентони Кук, се верува дека тој дејствувал сам. Полицијата, засега, тврди дека не го знае идентитетот на напаѓачот. Според Кук, на местото на масакрот немало ништо што би упатувало на некаков мотив или идеологија за нападот, но од полицијата не ја отфрлаат можноста и за терористички напад.

По нападот на јавноста и обрати и премиерот на Автралија, Антони Албанез, според кого за разорните сцени од Бонди Џанкшн нема зборови и разбирање.

Ова беше ужасен чин на насилство, неселективно насочени кон невини луѓе кои одат во шопинг во обична сабота. Вечерва, сите мисли на сите Австралијци се со жртвите на овој ужасен чин и нивните најблиски, се обрати премиерот на Автралија, Антони Албанез.

На видеата на очевидците кои се споделуваат на социјланите мрежи може да се види телото на убиецот како лежи во локва крв додека лекарските кипи од брзата помош се обидуваат да им помогнат на жртвите кои лежат по подот на шопинг молот.

Тамара Грнчароска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе