Индија ќе ги помине Германија и Јапонија, станува трета светска економска сила

Економијата својот центар во светот го менува од запад кон исток. Ова е се почесто споменувано од многу релевантни фактори во светскиот бизнис. Впрочем тоа се гледа и со големиот раст на Кина која веќе ги стигнува САД во економијата.

Сега, најновите најави се дека и Индија е подготвена да ги надмине Јапонија и Германија во економијата. Според S&P Global и Morgan Stanley Индија наскоро ќе  стане трета по големина економија во светот.

Прогнозата на S&P се базира на проекцијата дека годишниот номинален раст на индискиот бруто-домашен производ во просек ќе изнесува 6,3 отсто до 2030 година. Слично на тоа, Морган Стенли проценува дека индискиот БДП најверојатно ќе се удвои повеќе од сегашните нивоа до 2031 година.

-Индија е подготвена за економски бум поттикнат од офшор, инвестиции во производството, енергетска транзиција и напредна дигитална инфраструктура на земјата, напишаа во извештајот аналитичарите на Морган Стенли.

Овие двигатели ќе ја направат Индија трета по големина економија и пазар на капитал во светот пред крајот на деценијата.

Претходна вестМундијалско ехо: Енрике ќе добиел срцев удар, Нејмар нема да игра до крај
Следна вестНишто од договорот за улицата „Васко Карангелески“, граѓаните попладнево на протест