Отворање на прославата за 50-годишнината на Францускиот институт и затворање на 20. „Танц Фест“ со танчерската претстава „Мозаик“ на светски познатиот кореограф Мурад Мерзуки

Францускиот институт во Скопје и „Танц фест”, по повод отворањето на прославата на 50 години постоење на Францускиот институт во Скопје и затворањето на јубиленото 20. издание на „Танц фест”, имаат чест да ве поканат на ексклузивното гостување на француската театарска група „Кафиг” со танцовиот перформанс „Мозаик”, в петок, 17 мај 2024, со почеток во 20 часот, во Македонскиот народен театар.

Кореограф на претставата е Мурад Мерзуки, еден од најзначајните кореографи со светско реноме денес, кому француската влада му ја довери кореографијата на официјалната церемонија на отворање на Олимписките игри 2024, насловена „Танцот на игрите”.


Всушност, по огромниот успех на танцовиот перформанс „Пиксел” во 2017 година во рамките на „Танц фест”, Мурад Мерзуки и групата „Кафиг” / „Käfig” се враќаат во Скопје со нивниот најнов танцов спектакл „Мозаик”.

На настанот збор ќе земат:


– г-дин Иго Бештел, Директор на Францускиот институт во Скопје, и

– г-ѓа Рисима Рисимкин, Директорка на „Танц фест”.


Билети за претставата се достапни на веб-страницата на Македонскиот народен театар.

Во фоајето на МНТ, исто така, ќе биде поставена ретроспективната изложба „50 години Француски институт во Скопје”, која го прикажува делувањето на Францускиот институт во текот на изминатите педесет години.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„И бол и бес“ – ново ЕП на Сашо Митревски

Во издание на Шарла Рекордс, излезе новото ЕП на еден од најинтересните протагонисти на македонската …