Јанис го пропушта почетокот на плеј-офот во НБА

Грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо ќе ги пропушти воведните натпревари од плеј-офот.

Според „ЕСПН“, двократниот МВП на НБА нема да биде во тимот на првите два натпревари против Индијана. Бакс се надеваат дека повредата на левата нога на Јанис ќе се подобри по третманот.

Првиот натпревар од плеј-офот Милвоки и Индијана ќе го одиграат на 21. април.

Се вчитува...