„Гласот за Стево и Коалицијата за европска иднина е глас за европска Македонија“, порача Ковачевски

„Заедно со нашиот Претседател, Стево Пендаровски, имаме визија и план како да ја внесеме Македонија во Европската унија. Решителни сме, имаме волја, храброст и знаење како да ја обезбедиме европската иднина на земјата, на сите наши граѓани. На сите сегашни и идни генерации. И со вас, граѓаните, заедно во тоа ќе успееме во тоа“, посочи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на денешниот граѓански собир во Центар на кандидатот за Претседател, Стево Пендаровски.

„Граѓаните на Центар отсекогаш знаеле да донесат вистинска одлука на денот на изборите. Да пркосат на режим, да останат бастион на демократијата, да изберат локална власт и градоначалник како што заслужуваат. Исто така како Центар, така и цела држава ќе избере Претседател каков што заслужува. Нашиот претседател Стево Пендаровски“, рече Ковачевски.

„Од другатата страна гледаме дека ништо не е променето. ДПМНЕ е истата партија од минатото, со истите луѓе. Со нив, не е можна никаква позитивна промена. Со ДПМНЕ единствено е можно само враќање назад во изолација и во темно минато, многу далеку од Европа“, беше девиден Ковачевски.

„Но, сите ние заедно тоа можеме да го спречиме, заедно со граѓаните. Со глас за членство во ЕУ, за слобода и демократија со глас за Коалицијата за европска иднина и глас за нашиот Претседател, Стево Пендаровски“, истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на денешниот граѓански собир во Центар на кандидатот за Претседател, Стево Пендаровски.

Текстот (Видео) „Гласот за Стево и Коалицијата за европска иднина е глас за европска Македонија“, порача Ковачевски е превземен од МАКФАКС.