Поврзи се со нас

Гостивар

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Објавено

на

Утрово на Велика Сабота, ден кога Исус Христос со телото отпочина во гробот, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на п ротоереј-ставрофор Марјанчо Мадевски, протоереј Андон Андоноски, протоереј Александар Јанкоски, ереј Мартин Андоноски и ѓакон Славче Ѓорѓески, отслужи Света Василиева Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица” во Гостивар.

Во својата беседа митроплитот г. Јосиф меѓу другото нагласи:

„Денес во благословена сабота, во која преку оплакувањето и молкот се надѕиркува Христовата победа над гревот, смртта и ѓаволот, созерцувајќи ја таа спасителна и воскресенска тајна, да ги направиме последните подготовки за достојно пречекување на Христовото Воскресение, на Пасхата, која е празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот. Сега е моментот кога целокупната наша тага, сите наши потешкотии и напластени грижи треба да исчезнат во минатото, кога едноставно треба да заборавиме на сѐ што не обременува и кога треба да притрчаме кон прегратките на Христос, Лекарот на нашите души и тела. Нашата тага нека стане радост. Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението и да ги раскинеме оковите и гревовите, кои нѐ држат затворени во смртната сенка. Со вера, надеж и љубов во Христовото воскресение, во оваа спасоносна и светлозрачна ноќ, на невечерниот ден, заедно со членовите на нашата домашна црква, од нашите домови да земеме учество во вечната победа на животот, правејќи премин од смрт во живот, преку решителноста да ја прифатиме вечно подадената Христова рака, Која и денес е подадена за избавување од нашите страданија, без разлика каде ќе ја дочекаме радоста на Неговото тридневно воскресение. Во пресрет на празникот да ги засилиме нашите молитви за болните и за оние кои и во овој ден се на работните места и кои во таков работен амбиент ќе ја пресретнат најголемата вест, со надеж дека и тие како апостолите ќе го слушнат Христовиот глас на победата, кој гласи: „Радувајте се!“ (Матеј 28,9). Посакувам воскресенската радост преточена во најрадосниот поздрав: „Христос воскресе!“ Уште еднаш на крај сите да речеме: Со Твоето неискажливо снисходење, Христе Боже наш, помилувај нѐ! Амин! Вашата радост нека биде полна. Имајте добра и спасителна Пасха!“

На Божествената литургијата верниците се причестија со Светите Христови Тајни.

фото:тетовско-гостиварска епархија

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена