Доминантна сезона за помладите пионери на Брера Струмица, освоена шампионската титула

Фудбалери на Брера Струмица од генерација 2008 или во категоријата помлади пионери на три кола пред крајот на првенството во ова конкуренција и математички ја освоија шампионската титула.

Вчера, помладите пионери славеа над скопски Вардар со минимални 1:0 во дербито на колото, всушност ова беше дуел на новиот шампион Брера Струмица и второпласираниот Вардар, во рамки на 19. коло.

Уште еднаш се потврди домининацијата на Брера Струмица во оваа конкуренција, предводена од тренерот Тони Атанасов.

Во оваа сезона, на овие 19 првенствени меча немаа пораз младите фудбалери во својата конкуренција и се најефикасен тим во лигата.

Надежите на Брера Струмица доминираат, а тоа беше потврдено со предвреме обезбедената титула, а веќе на 15. мај оваа генерација ќе игра и финале од Купот на Македонија против битолски Пелистер, со што струмичани се пред можноста за освојување на двојна титула.

Александар Ванев, М-Нет