Македонија

ВИДЕО: „Бисер балкански“ ечи од грлата на 508 нови полициски службеници

ВИДЕО: „Бисер балкански“ ечи од грлата на 508 нови полициски службеници

Во Центарот за обука при МВР денеска беа промовирани новите полициски службеници од генерацијата 2023-2024.

Обуката успешно ја завршија 508 кандидати, 416 мажи и 92 жени со среден успех на генерацијата од 541 бодови од можни 600.

На церемонијата беа доделени плакети за 16 најдобри тимови од оваа генерација, а за најдобар од генерацијата 2023/2024 беше прогласен Андреј Тодороски, на кого му беше доделена свечена плакета од претседателот на Владата, а доби и пригоден подарок од Македонскиот полициски синдикат.

Она што остана најзабележливо на овој настан е моментот кога новите полициски службеници во еден глас ја пеат „Бисер балкански“.

To top