СЕ УРНАА ПЕРКИТЕ ОД ВЕТЕРНИЦАТА НА КАБАРЕТО „МУЛЕН РУЖ“

    СЕ УРНАА ПЕРКИТЕ ОД ВЕТЕРНИЦАТА НА КАБАРЕТО „МУЛЕН РУЖ“Инцидентот се случил после затворањето ноќеска (Фото: АФП)

    Се урнаа перките од ветерницата на кабарето „Мулен руж“, едно од најпознатите обележја на Париз. Пожарникарите кажаа дека инцидентот се случил ноќеска и дека нема ризик од натамошно уривање.

    „За среќа, ова се случи после затворањето, некаде меѓу два и три часот, па нема повредени. Секоја недела, нашите технички тимови го проверуваат механизмот на ветерницата и досега не забележале никакви проблеми. Не знаеме што е причината за уривањето“, изјави претставник на „Мулен руж“.

    Оттаму додаваат дека ова е прв ваков инцидент од отворањето на кабарето на 6 октомври 1889.

    „Мулен руж“ е едно од најпосетуваните места во Париз и е познато како родно место на танцот кан-кан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира