Вести Најважни Свет

Од почетокот на војната во Украина потврдена е смртта на 50.000 руски војници, покажува истражување на БиБиСи

Најмалку 50.000 руски војници загинале досега во конфликтот во Украина, покажува последното истражување на британскиот јавен сервис. Москва официјално не соопштува податоци за загинати припадници на армијата, но тоа е бројка на војници чија смрт Британците успеале да ја потврдат, додека напоменуваат дека вистинскиот број на загинати е многу повисок, затоа што во нивната анализа немаат вклучено информации за жртвите во паравоените формации во сепаратистичките републики Доњецк и Луганск.

Истражувањето е спроведено од страна на рускиот сервис на БиБиСи, независната медиумска групација Медиазона и доброволци, кои собирале податоци уште од февруари 2022 година.

Истражителите информации за загинатите барале во официјалните извештаи на руските власти, медиумските написи и објави на социјалните медиуми.

Тие заклучиле дека бројот на загинати руски војници во втората година од војната изнесува 27.300, што е малку повеќе за разлика од првата. Освен тоа, во податоците се забележуваат и периодични отскокнувања кои соодветствуваат со битките и освојувањата на Бахмут и Авдиивка.

Слично како и Русија, и Украина редовно не соопштува податоци за загинати, иако во февруари украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека од почетокот на руската инвазија загинале 31.000 украински војници. Сепак, и оваа бројка според американските разузнавачи е значително пониска од реалната.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачевски го прозва Али Ахмети и ДУИ: Прави голема грешка со скандирањата УЧК, тоа носи разгорување на меѓуетничките односи

Дејан Дејан

Силјановска: Првиот натпревар го добивме, а вториот ќе биде уште поуспешен

Дејан Дејан

Столтенберг: Членките на НАТО доцнат со испорака на ветеното за Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе