Утрински Весник
Свет

Амнести интернешенел: Човековите права најзагрозени во последните неколку децении, ЕУ има двојни стандарди

Gaza.jpg
Ss2

Човековите права ширум светот се соочуваат со најсериозните закани во последните неколку децении, објави лондонската Амнести интернешенел во својот годишен извештај во средата. Организацијата ги истакна конфликтите во Газа и Украина, како и ширењето на авторитарни влади кои му штетат на меѓународниот поредок со кршење на меѓународното право и игнорирање на основните права.

„Флагрантното непочитување на меѓународното право од страна на Израел се надополнува со неуспехот на неговите сојузници да го запрат крвопролевањето во кое страдаат цивили во Газа“, рече генералниот секретар на Амнести Ањес Каламар. „Со руската агресија против Украина, зголемениот број на вооружени конфликти и масовните прекршувања на човековите права, кои се забележани, на пример, во Судан, Етиопија и Мјанмар – глобалниот поредок заснован на правила е во опасност да биде десеткуван.

Ss1

Демократиите не ги избегнаа критиките, а Каламар рече дека „она што го видовме во 2023 година потврдува дека многу моќни држави ги напуштаат основните вредности на хуманоста и универзалноста содржани во Универзалната декларација за човекови права“. Меѓу другото, во извештајот се критикува американското користење на ветото за да се парализира Советот за безбедност на ОН со месеци за резолуцијата за прекин на огнот во Газа.

Извештајот „исто така ги истакнува гротескните двојни стандарди на европските земји како Обединетото Кралство и Германија, со оглед на нивните основани протести против воените злосторства на Русија и Хамас, а истовремено ги поддржуваат дејствијата на израелските и американските власти во овој конфликт“. Се вели во соопштението на Амнести.

Војната во Украина беше уште еден клучен фактор што придонесе за падот на глобалното досие за човекови права. Амнести ги наведе неселективните напади на руските сили „на населени области и цивилна инфраструктура за извоз на енергија и жито“. „И руските и украинските сили користеа касетна муниција и покрај нејзината неселективна природа и постојаните ризици за цивилите“, се вели во извештајот.

„Извештајот на Амнести интернешенел прикажува мрачна слика за алармантна репресија на човековите права и кршење на меѓународните правила, сето тоа во услови на продлабочување на глобалната нееднаквост, суперсили кои се борат за превласт и ескалација на климатската криза“, рече Каламар.

Ss1

Можете да прочитате

Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард

Турскиот министер Фидан повика на глобално муслиманско единство за поддршка на Палестинците

Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори во Газа до победа