Мбапе во Реал ја добива десетката на Модриќ?!

Договорот на Килијан Мбапе со ПСЖ истекува летово и се очекува само официјална потврда дека кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид. Французинот на „Сантијаго Бернабе“ пристигнува како слободен фудбалер и без обесштетување.

Мбапе во Мадрид ќе пристигне како вистинска суперѕвезда, па веќе има поставено и два услови до Флорентино Перес. Според француските медиуми, Мбапе ја побарал и ја добил десетката на Лука Модриќ, па хрватот доколку остане, следната сезона ќе мора да игра со друг број на дресот.

И второто барање е поврзано токму со Модриќ. Мбапе побарал заедно со него да пристигне соиграчот од ПСЖ, Витиња, кој треба да биде замената за хрватот во средниот ред на Реал Мадрид. За второто барање, раководството на „кралевите“ дополнително ќе треба да се произнесе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести