Поврзете се со нас

Боречки спортови

Кик-бокс спектакл во Скопје, Илиоски ќе се бори за титулата WAKO Pro светски првак

Објавено

на

Салата во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје во петок (26 април) со почеток во 19:00 часот, ќе биде домаќин на гала кикбокс настанот “ВАКО ПРО АФН 9”, во организација на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија.

На овој прв од ваков вид професионален кикбокс меч главната борба на вечерта ќе биде за титулата професионален светски првак на WAKO PRO организација во дисциплината К1 RULES.

На истата, актуелниот светски и европски ВАКО аматерски шампион и добитник на највисокото спортско признание во Република Македонија, спортист на годината 2023, Бобан Илиоски, ќе се соочи со актуелниот светски шампион на WAKO PRO во дисциплината K1 RULES 88.6 кг од Турција – Берк Дузенли.

Исто така, на еден од мечевите ќе настапи и нашиот трикратен светски и европски шампион Димитар Ѓорѓиев, кој во оваа прилика ќе настапи како предборба на главниот професионален WAKO PRO меч.

Покрај овие две борби, на истиот настан ќе има и уште шест други мечеви во машка и женска конкуренција, на кои настап ќе земат атрактивни борци од нашата земја и нивните противници од Србија, Словенија, Босна и Израел кои се актуелни шампиони од официјалните ВАКО (Светската асоцијација на кикбокс организации) првенства.

Настанот ќе се пренесува во живо на МТВ3 националниот канал, а картите може да се купат на билетарата на салата на 24, 25 и 26.04.2024, како и онлајн на овој ЛИНК

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни