Стевановиќ: Жените не смеат да бидат ничија статистика и марионети во рацете на мажите

Од “прв“ борец против Ковид 19, преку гласен поборник за родова рамноправност до кандидат за пратеник на СДСМ за претстојните парламентарни избори. Доктор Милена Стевановиќ после седум годни на чело на клиниката за Инфективни болести, својата битка за подобри политики во здравството сака да ја продолжи во Законодавниот Дом.

Вели никогаш нема да ја напушти својата професија. Доколку биде дел од новиот собраниски состав ќе остане посветена на пациентите. Смета дека во изминатите години и покрај повеќеслојната криза се направени се крупни промени кои се видливи и препознаени од страна на граѓаните. За своите спопартијки вели дека не се само бројка на избрните листи, туку жени кои оставиле јасен белег во општеството и партијата.
Да се биде дел од тимот жени предводнички во ИЕ1 на СДСМ за Стевановиќ е заслужена чест.

– 25 години работно искуство кое ако го анализирате ќе видите дека Милена Стевановиќ континуирано е во политиката, Битката со КОВИД 19 е само една од битките во моето портфолио. Почнав како активист за првата на пациентите уште од 1997 борејќи се за пациенти со ХИВ инфекција да имаат соодветен однос, третман, дијагноза а на крајот и достоинствена смрт за оние за кои немаше лек. Ја биев битката за луѓето кои живеат со ХИВ, се изборив за нивното место во медицината во РСМ и создадов ново поглавје во Македонската медицина. Сѐ тоа е политика! И затоа, за мене е чест да продолжам да се борам од Собранието за сите вредности за кои и досега сум се борела. А таа чест секако мора да биде заслужена!

Како врвен докажан доктор, смета дека иако лекарите се дефицитарни, здравствените политики мора креираат луѓе кои знаат, умеат но и живеат за здравството.

-Лекарот мора да направи приоритети. Јас веќе имам создадено тим на врвни професионалци кои нема да дозволат да се почувствува моето отсуство. Граѓаните се секогаш на прво место. Затоа и моето право да бидам ангажирана на Клиниката во определен временски период ќе го искористам се разбира без финансиска надокнада. Верувам и дека тогашниот директор на институцијата нема да има ништо против ова. Здравствените политики мора да бидат проследени од луѓе кои знаат, умеат но и живеат за здравството.

Милена Стевановиќ, Даниела Николава, Моника Зајкова наспороти Гордана Кочоска Димитриевска, Бети Стаменковска. „Женска битка“ во изборната единица 1 помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе биде искрена, достоинствена, вели Стевановиќ , со јасни факти и без манипулации, лажни вести и сѐ она што за жал сме го виделе во кампањите. Едноставно ЖЕНСКИ-вели таа.

Родовата рамноправност е одлика на кандидатските листи на СДСМ. Но жените не се само бројка на која се обврза СДСМ тоа се“силни“ жени кои може да донесат промени, додава Стевановиќ.

– СДСМ е единствената партија која знае што е вистинска родова рамноправност и тоа го покажува низ дела. И во партијата, а и на високите извршни и раководни позиции во Владата и институциите, жените од СДСМ се со 50% застапеност. Воедно сите женски имиња од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија оставиле јасен белег во општеството и партијата. Сетете се на успешните реформи, во труд и социјала, војска, образование, многу институции кои биле или сѐ уште се раководени од жените социјал-демократки.

Јасна визија за иднината и прецизен план како да се реализира таа визија. Тоа ја разликува СДСМ од останатите партии, а тоа граѓаните го препознаваат , смета дека тоа треба да биде нивен избор за перспектива, прогрес и развој на државата.

– Придобивките од што го реализираа Владите на СДСМ изминативе 7 години се видливи и препознаени. Иако најголем дел од работењето беше во услови на криза, сепак, ние денес имаме покачени плати и пензии, имаме заштитен стандард низ страшната инфлација, имаме поддржани домашни компании. Направени се и доста грешки секако, за што, апсолутно сме свесни и преземаме одговорност, но можам да кажам дека една работа апсолутно ја имаме направено како што треба, а тоа е задржување на земјата на европскиот пат. Ние сме денес земја членка на НАТО, со отпочнати преговори со ЕУ и со јасна перспектива за прогрес и развој. Она што сметам дека е важно за граѓаните е што тие ќе можат веднаш да ја препознаат разликата и во она што го нудиме да препознаат јасна визија за иднината но и прецизен план како да се реализира таа визија. За секоја позиција, професионална, политичка мора да победи најдобриот кандидат. Жените не смеат да бидат ничија статистика, тие мора да бидат најмалку добри на своите конкуренти мажи во спротивно се само марионети во рацете на мажите, вели таа.

Соња Танеска

АКТУЕЛНО

Поврзани објави