Емини стрелец, Николов асистент за убедлива победа на Сондерјиске

Дански Сондерјиске триумфираше убедливо со 0-3 на гостувањето против Колдинг во плејофот од Втората данска лига, благодарение само на одличната игра на македонскиот двоец Сефер Емини и Иван Николов.

Емини во 78. минута од средбата го постигна третиот гол за својот тим за конечни 0-3, а претходно во 55. минута, Иван Николов асистираше на Агер за водство од 0-2.

Сондерјиске во моментов е на водечката позиција во плејофот од данската втора лига во битката за промоција во елитната лига.

Се вчитува...