Поврзете се со нас

Свет

Димитриоски и Димитриевски одлични, Валјадолид го реши фаворизираниот Гранолјерс

Објавено

на

foto:www.atleticovalladolid.es/

Тимот на Валјадолид за кој настапуваат Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски оствари голема победа над фаворизираниот Гранолјерс во АСОБАЛ лигата.

Домаќините одиграа две подеднакво квалитетни полувремиња што на крајот беше доволно да се забележи триумф од 36:30 (18:14). Нашите интернационалци имаа добар придонес во овој резултат, Димитриоски имаше три реализации од пет обиди, додека Димитриевски даде исто толку погодоци од четири обиди.

Во елемент беше и поранешниот вардарец Толедо со осум гола, наејфикасен беше Мартинез со девет погодоци.

Валјадолид со 27 бода е на 7. место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни