Поврзете се со нас

Англија

Ширер го истакна значењето на последната победа на Арсенал и издвои еден играч

Објавено

на

Алан Ширер ги следи случувањата во Премиер лигата не само како обичен фан, туку и како стручен коментатор на „Би-Би-Си“, а во последната анализа вели дека победата на Арсенал над Манчестер Јунајтед има големо значење за „топчиите“.

Додека голем број експерти се уште сметаат дека Арсенал не е кадарен да ја освои Премиер лигата, Ширер потенцира дека дерби победата над Јунајтед носи повеќе од три бода за лондонскиот состав.

– Не само што играчите на Артета заслужено ја слават победата над Јунајтед, туку сега станаа бестрашни.

– Секој фудбалер покажува тактичка зрелост на теренот, а притоа играта на Арсенал е атрактивна, – вели Ширер.

Тој посебно ги истакна и квалитетите на Олександар Зинченко.

– Во основа тој е лев бек, но на теренот го имаше насекаде, лево, централно и десно. Ги држеше конците на натпреварот, – смета легендарниот напаѓач.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни