Агуеро му одговори на Ибра: Гледај си ја Шведска!

Кун Агуеро му одговори на Златан Ибрахимовиќ, го потсети дека и тој често знаел да провоцира и му порача повеќе да мисли на неговата репрезентација, која не успеа ниту да се пласира на мундијалот во Катар.

Златан Ибрахимовиќ оваа недела ги коментираше случувањата од финалето на Светското првенство и порача дека Аргентинците веќе нема да освојат ништо поради недоличното однесување при прославата на успехот во Катар.

Кун Агуеро реши веднаш да одговори, поранешниот напаѓач на Барса, Манчестер Сити и Атлетико смета дека Златан Ибрахимовиќ не може да зборува за недолично однесување со оглед на тоа дека и самиот тој често провоцирал во кариерата.

Пронајдете не на следниве мрежи: