Кличко ја обвини партијата на Зеленски за манипулации со засолништата во Киев

Градоначалникот на украинската престолнина Киев, Виталиј Кличко, возврати во неделата на критиките на претседателот Владимир Зеленски по обвинувањата за пропусти во организацијата на ткн пунктови за затоплување на граѓаните поради прекините во струјата по масовните руски ракетни напади, порачувајќи дека владејачката партија го префрлила проблемот во сферата на политиката и манипулираат со тоа.

Во видео обраќањето на Кличко објавено на апликацијата Telegram на проблемот со кој се соочуваат киевчаните „веќе му е дадена политичка боја“. Градоначалникот вели дека претставници на владејачката партија Слуга на народот, коишто јавно ги критикуваат киевските власти во врска со простори за затоплување на жителите, во приватни разговори признале дека тие се функционални.

„.. Нема потреба од манипулации! Затоа што изгледа чудно: кога вчера отидов да ја проверам работата на пунктовите, среќавав пратеници од партијата на власт и тие во приватни разговори би велат дека сите пунктови кои ги посетиле биле отворени и работата. А потоа објавуваат некакви неразбирливи фотографии“, вели Кличко во обраќањето.

Клично истакнува дека не сака да влегува во политички спорови, а дека властите на Киев прават сѐ што е потребно за одржување на живото во главниот град кој како последица на масивните ракетни напади во голем дел е без снабдување со струја и вода, како и затоплување,

„Не сакам да влегувам во политички битки, особено во сегашната ситуација. Тоа е глупави. Имам со што да се занимавам. Благо речено, тоа изгледа грдо. И за Украинците и за нашите странски партнери. Денес, кога сите треба да работат заедно, почнуваат некакви политички игри“, додаде Кличко.

Градоначалникот информира дека во Киев функционираат повеќе од 430 пунктови за колективно затоплување на жителите на градот со околу три ипол милиони жители, како и дека во случај на вонредна ситуација градските власти се подготвуваат да воспостават уште повеќе од 100 такви пунктови. Притоа, како што посочува, „во периодот на прекин на електричната енергија во Киев по ракетните напади, во пунктовите се пријавиле само 3.700 лица“.

На самиот почетокот од ноември и настапувањето на студот, Кличко објави дека властите на украинската престолнина подготвуваат повеќе од илјада грејни пунктови доколку дојде посериозен прекин во снабдувањето со струја, вода и топлинска енергија. Подоцна, и властите на другите украински градови чијашто клучна инфраструктура е разорена во руските напади.

На почетокот од седмицава претседателот Зеленски ваквите пунктови ги нарече „точки на неуништливоста“ и означувајќи ги како „нов проект“. Но по само неколку дена, во петокот во ноќното обраќање Зеленски ги обвини властите на Киев за недостатоци велејќи дека „никој никому нема да му го прости сквернавењето на ‘точките на неуништливоста“.

„За жал, локалните власти не спроведоа добра работа во сите градови. Особено имаше многу поплаки во Киев.. Да бидам благ, треба повеќе да се работи. Ве молам обратите внимание, на луѓето во Киев им е потребна повеќе помош. Многу се без струја 20-30 часа. Очекуваме од градоначалникот квалитетна работа“, рече Зеленски во обраќањето ноќта кон саботата.

Зеленски, исто така, ги критикуваше оние, како што рече, коишто „лажеа во официјалните извештаи“, но не наведе на што конкретно мисли.
Следниот ден пратениците од неговата партија Слуга на народот беа во проверки на таквите пунктови низ Киев, а шефот на пратеничката група во парламентот Давид Арахамија изјави дека од 530 пунктови чие функционирање го провериле пратениците, 20 отсто биле затворени.

Досега низ земјата се отворени повеќе од 4.000 вакви засолништа или пунктови за греење, за граѓаните чиишто домови останале без затоплување, струја и вода.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.