Спорт
(Видео) Барселона преку Наполи до четвртфинале во ЛШ
Барселона го победи Наполи со 3:1 и по пауза од четири години избори место во четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Во „Марадона дербито“, како што го нарекоа медиумите, Барселона сепак заслужено славеше, иако свои шанси, особено во второто полувреме имаше и Наполи. Домаќинот направи голем капитал во раната фаза од натпреварот. Блицкригот од 15. до 17.минута го реши победникот.
Во тој интервал Барселона постигна два гола, стрелци беа Фермин Лопес во 15. минута и Жоао Кансело, практично веќе во следниот напад. Речиси 15 минути му беа потребни на Наполи да за опорави од шокот.
Во 30. минута одлична акција на Политано и Рахмани, а дефанзивецот намали на 2:1. Ди Лоренцо малку подоцна имаше шанса да израмни, но неговиот удар со глава извонредно го одбрани Тер Штеген.
Темпото падна во вториот дел. Наполи се обиде да дојде до вториот гол, а Барса се закануваше само од контранапади. Домаќинот имаше шанса преку Јамал и Рафиња да го затвори натпреварот. Но, во 79. минута Линдстром ја имаше најубавата шанса за израмнување.
Четири минути подцна Барселона успеа да казни. И каков. Филигранска акција, двојно одиграа Серхи Роберто и Гундоан, потоа Шпанецот му асистираше на Роберт Левандовски кој ја спроведе топката во празната мрежа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Џирона мора да реши еден проблем доколку сака да игра во ЛШ
Конзорциумот „Сити Фудбал Груп“, кој е сопственик на Манчестер сити, ќе мора да го намали својот удел во шпанскиот прволигаш Џирона со цел каталонскиот клуб следната сезона да се натпреварува во Лигата на шампионите за прв пат во својата историја, објави УЕФА.
Џирона, 47 отсто во сопственост на „Сити Груп“ од 2017 година.
На почетокот на сезоната во Џирона беа убедени дека ги следат правилата на УЕФА бидејќи конзорциумот од Емиратите нема мнозински удел.
Но, според писмото од Телото за финансиска контрола на клубовите (ЦФЦБ) на УЕФА, доволно е субјектот „да поседува 30 проценти или повеќе од капиталот на клубот или правата на глас“, или дури и само 10 проценти ако е негов главен акционер.
За да можат Манчестер Сити и Џирона да се натпреваруваат заедно во Лигата на шампионите, „Сити Груп“ ќе мора да го намали својот удел во каталонскиот клуб до 3 јуни, крајниот рок што го постави УЕФА.
Со цел да се избегне избрзана продажба на акции, што би била и економски неповолна, писмото на ЦФЦБ сепак им нуди на клубовите привремена опција, ограничена на претстојната сезона: трансфер на акции во фонд за доверба без права на инспекција, под контрола на УЕФА.
Минатата година, истото правило за повеќекратна сопственост доведе до три случаи против Тулуз и Милан, Астон Вила и португалскиот клуб Виторија, како и Брајтон (Англија) и Унион Сент Жилоа (Белгија).
УЕФА конечно ги затвори трите досиеја по „значајните промени“ во тие клубови за да го ограничи влијанието на нивните инвеститори.
Спорт
Ферстапен: Мерцедес? Среќен сум во Ред Бул
Макс Ферстапен, трикратниот светски шампион и лидер во актуелниот шампионат во Формула 1, истакна дека речиси и да нема шанси да се пресели во тимот на Мерцедес.
Во последно време тие гласини ги подгреа Тото Волф, првиот човек на Мерцедес, кој неколку пати изјави дека Холанѓанецот му е прва желба, а ова го поддржа и Џорџ Расел, кој рече дека не би имал ништо против да биде во ист тим со и Макс.
Сепак, асот на Ред Бул јасно стави до знаење дека таа опција не го интересира.
„Ваквите одлуки не се носат лесно, а јас сум многу среќен во мојот сегашен тим. Сакам да го имам најдобриот автомобил и тоа е се што барам. Тоа сега го имам и ќе се обидеме да го задржиме исто и во годините што доаѓаат“, изјави Ферстапен.
Холандскиот ас истакна дека нема голема желба за нов предизвик.
„Зошто да го напуштам тимот со кој сум во најдобра позиција и за кој верувам дека може долго да доминира“, изјави Ферстапен.
Формула 1 шампионатот продолжува овој викенд во Имола.
Спорт
Челси се уште заработува од договорот на Азар со Реал
Трансферот на Еден Азар вреден 115 милиони евра е најлошиот во историјата на Реал Мадрид. Белгиецот по завршувањето на минатата сезона го напушти Реал, а пред седум месеци обајви крај на кариерата.
Азар во Реал дојде како еден од најдобрите фудбалери во светот, но повредите го спречија да ги оправда парите вложени во неговиот трансфер.
Интересно и покрај тоа што е во пензија Реал ќе треба да му плати на Челси пет милиони фунти.
Шпанските медиуми пишуваат дека од договорот на Азар во сила останале бонусите и клаузулите, а поради пласманот во финалето на Лигата на шампионите, Реал сега треба да му платат на Челзи пет милиони фунти и покрај тоа што Азар не беше ни член на овој тим.