Мицкоски најави морална одговорност: Ќе има решителни одлуки, на кои јавноста не е навикната


Со едноминутно молчење започна прес-конференцијата на премиерот Христијан Мицкоски. Рече дека наредните денови ќе има и морална одговорност за несреќата.
„Ќе има решителни одлуки, на кои јавноста не е навикната“, рече Мицкоски.
Осврнувајќи се на обвинувањата од СДСМ, Мицкоски рече: „Ова е битка помеѓу чесните и нечесните од сите партии“.
„Потребна е демонстрација на морална одговорност. Многумина велат знаат граѓаните дека владата е нова. Но без разлика на тоа, ние мора да бидеме пример, и мора да има морална одговорност. Јас по ова прашање немам дилеми, ни ќе калкулрирам. Не ми е потребна власт по секоја цена. Тука сум преку личен пример да демонстрирам.. Во следните денови ќе има низа мерки, активности кои ќе значат многу за семејствата. Ви го должам вам, на семејствата на загинатите“, рече Мицкоски.
„Во сето ова што ни се случува и случи најпрво мора да има кривична одговорност за сите инволивирани, без разлика од која партија, институција, на кое место. Кога станува збор за одговорност, нема да има милост“, додаде Мицкоски.
Тој рече: „Или ќе нѐ биде овојпат, или нема да постоиме“.
Мицкоски
