Search

Концерт на „Funk Shui“ во Лабораториум

“После една година од издавањето на нашиот последен албум “Никогаш Пак”, со возбуда ви го најавуваме нашиот следен самостоен концерт во Скопје, во салата на Лабораториум.”

По минатите два распродени концерти во МКЦ Денсинг и Кино Фросина, впечатлива летна турнеја со околу 20 концерти низ Македонија, Балканот и Европа – Фанк Шуи ветуваат незаборавно музичко искуство вечерва на 26 април, на новата сцена на Културнo-едукативниот Центар Лабораториум. Почетокот на концертот е закажан за 21:00 часот.

Билети за концертот се продаваат по цена од 600 денари и истите можат да се набават на www.ticketx.mk, како и во ЛАБ Кафе.

На концертот ќе се продава merch во лимитиран тираж.

Најново

420

Последни колумни