Теа Таировиќ има ново момче: Работел како нејзино обезбедување, шест месеци ја криеле врската

Популарната пејачка Теа Таировиќ ужива во нова љубов, а јавноста дури сега дозна за тоа.

Теа вешто ја криеше врската од јавноста, а сега во пресрет на нејзиниот 28 роденден се дозна кога партнерот и приреди изненадување.

Дечкото на Теа Таировиќ прво почна да работи кај неа. Шест месеци ја криеле врската. Тој ја придружуваше и се грижеше за пејачката на јавни настани, а љубовта дојде сосема спонтано.

Тие двајца се речиси неразделни и двајцата се многу заљубени, а доказ за тоа се насмевките на нивните заеднички фотографии, пишува Телеграф.рс.

Додека го крие приватниот живот од очите на јавноста, Теа избегнува да зборува за новиот партнер пред камерите.

Scroll to Top