7.8 C
Скопје
29. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Битиќи: Ќе имаме доволно пратеници за да ја направиме следната влада

„Во СДСМ било која позиција во овој момент до 10 место е добитна позиција, затоа што тоа се очекувањата од изборите. Очекувам дека ќе имаме доволно пратеници за да ја направиме следната влада. Тоа значи дека никој не треба да стравува ако е на седма, осма или девета позиција дека тоа не е добитна позиција“ рече потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи во „Реално“ на 24инфо.мк.

Тој додаде дека во политика не е за да се бори за позиции, туку за да се направи промена и да се врати на граѓаните.

„Сметам дека граѓаните препознаваат што се е е направено, но и препознаваат дека можело повеќе и ние сме доблесни да кажеме дека имало грешки и дека тие грешки сме спремни да ги подобриме“ рече Битиќи.

Потпретседателот на СДСМ додаде дека граѓаните лесно може да направат разлика како било до 2016 година и дека тие што сега сакаат да дојдат на власт, добија мнозинство од локалната власт, но таму понудија само деградирање и враќање назад на истата матрица на функционирање.

Спонзорирано: